Хотел

Почетна Хотел

Хотел Шумски Фенери

Нашиот Хотел

Хотел Шумски Фенери работи од 1988 година и повеќе од три децении е симбол на традиција, удобност и гостопримство во Битола. Сместен е на тивка и живописна локација, на само 4 км од центарот на градот и на влезот од Националниот Парк Пелистер.

Нашиот хотел располага со модерно опремени еднокреветни, двокреветни и трокреветни соби, како и апартмани, кои нудат комфор и пријатна атмосфера за секој гостин. Сите соби се опремени со сопствено купатило, клима уред, бесплатен Wi-Fi и телевизор.

Шумски Фенери е идеален избор за:
Туристи кои сакаат да ја откријат природата и историјата на Битола и Пелистер
Семејства кои бараат мирен одмор во здрава планинска средина
Бизнис патници на кои им е потребно квалитетно и тивко сместување

Со своето повеќедецениско искуство, топла семејна атмосфера и уникатна локација, Хотел Шумски Фенери е вистинското место за престој во Битола.

Нашите соби

Објекти во сите соби:

ТВ со рамен екран / дигитални ТВ канали
Клима уред
Централно греење
Телефон
Бесплатна WiFi
Гардероба или плакар
Фрижидер
Пегла
Биро
Папучи
Бања или туш

Вашата приватна бања

Услуги

Аларм за будење
Перална

Политики:

Check-in Од 13h
Check Out 09h - 12h

Појадок (за сите гости): from 7 am - 10 am
Пакување на јадење за подоцна не е дозволено

Деца и екстра кревети
Секаков вид на дополнителен кревет или креветче треба да биде потврден од раководството.

Миленичиња:
Домашни миленици не се дозволени.

Прифатени картички:
Visa, Mastercard

Copyright © Shumski Feneri 2025. All rights reserved. Powered by DigitalCentar