Нашата приказна
Шумски Фенери е основан во 1988 година од мојот татко, Панде Мушуланов, и повеќе од три децении е едно од обележјата на Битола. Од првиот ден до денес, хотелот расте и се развива како семеен бизнис, кој ја негува традицијата и топлината на домашната атмосфера.
Она што нè прави посебни е токму семејниот дух. Традиционално, семејството го служи појадокот, збогатен со домашни македонски вкусови – планински мед, домашен џем, малиџано и уште многу други специјалитети што го носат мирисот и вкусот на нашиот крај. Секој гостин е пречекан како пријател, со искрена желба да се чувствува како дома.
Copyright © Shumski Feneri 2025. All rights reserved. Powered by DigitalCentar