Tour img

Викенд на Пелистер

Интересен начин да го поминете вашиот викенд. За сите оние кои сакаат авантура, рекрeација, природа и планинарски патеки преку активности и на не секојдневен начин да ги откриете убавините на најстариот национален парк во Македонија Пелистер, ние ви нудиме една несекојдневна авантура.

Далеку од секојдневните притисоци од урбаниот живот придружете ни се во посетатата на големото глацијално езеро кое се наоѓа на 2218 метри надморска висина и за голем дел непознатото село во границите на националниот парк Пелистер, влашкото село Маловиште.

Пелистер е познат по својата биолошката разновидност и колорит, по Моликата и камените реки, но едно од по познатите и посетените места се двете глацијални езера или познати уште како Пелистерски очи, кои меѓусебно се раздалечени на 2.5км. и се наоѓаат над 2000м. надморска висина.

Прв ден - Петок

Сместување во Хотел Шумски Фенери, можност за вечера, чаша врвно вино и ушивање во нашиот двор. Хотел Шумски Фенери се наоѓа на почетокот на Националниот Парк Пелистер, познат по својата фантастична храна, беспрекорна услуга, и прекрасен амбиент. Хотелот се наоѓа на 900мнв опкружен со шума, чист воздух и мир.

Втор ден - Сабота

Доручек. Со сопствено возило се упатуваме до Село Ниже Поле од каде е планирано искачување до Големото езеро на 2218мнв. За околу 10мин.со возење се пристигнува до селото на 1170мнв. точка од каде започнува искачувањето. Патеката е долга 6км. во еден правец со средна тежина и потребно време за искачување од 2.5-3часа. Патеката поминува низ прекрасни високопланински пасишта и цело време има прекрасни видици на околните планини и кон долината на село Ниже Поле. По пристигањето до крајната цел на Големо езеро 2218мнв. продолжуваме кратко до местото каде се прават најдобрите фотографии од цело езеро и слики од прекрасните погледи кон Преспанско езеро и врвот Пелистер. После паузата и малата закуска покрај езерото се спремаме за слегување за околу 2часа назад до селото Ниже Поле и враќање до хотелот.

Недела (село Маловиште.)

Доручек. Село Маловиште е планинско село во границите на националниот парк Пелистер и се наоѓа на 1140 мнв. Маловишта е специфично село, со интересна, автентична архитектура. Селото има убави, големи куќи градени од камен, на традиционален начин. Белег на старата архитектура се сочуваните стари калдрмисани улички, камените мозстови и изгледот на мала градска населба. Во центарот на селото се издигнува црквата Св. Петка, со својот сочуван фрескоживопис, како и извонредниот дрвен иконостас изработен во длабока резба. За жал голем дел од убавините на селото се уништени и напуштени. Во околината на селото има доста патеки лесни и потешки кои можат да се поминат во неколку денови. Ние ја избравме патеката до малото црквиче св.Спас кое се наоѓа на надморска висина од 1950мнв.

Tour img

Од хотелот имаме околу 30 мин.возење со сопствено возило до село Маловиште од каде го започнуваме пешачењето поминуваме покрај црквата Св.Петка се движиме по автентичните камени улици од селото. До црквичето Св.Спас имаме околу1,30-2часа. искачување од каде ни се отвораат прекрасни погледи надолу кон селото па на Преспанското езеро и голем дел од планината со врвот Пелистер. Можно искачување до Врвот Вртешка на 2010мнв., на само 15 минути од Св. Спас. Слегувањето е по друга патека околу 2-2.30часа и се поминува покрај црквата Св.Ана која се наоѓа на висина од 1420мнв. Постои од 18век. и е позната по тоа што има верување дека црквата има чудотворна моќ да дава пород. Брачни парови доаѓаат во црквата помеѓу 6 и 7 август, да преспијат во неа со надеж дека Св. Ана ќе ги слушне нивните молитви. После кратката пауза кај црквата продолжуваме уште 30-тина мин. до селото и со враќањето до хотелот ја завршуваме турата и прекрасниот викенд поминат на двете страни од планината.

Минимум број на гости 4
Во цената е вклучено: Во цената не е вклучено:

Пешачењето или турата е со средна тежина препорачлива е за лица со солидна физичка спремност со желба да биди на планина и во природа.

Потребна опрема: Цената за турата по човек 3550 ден.

Пријавување и повеќе информации на тел. 075395213

емаил: sfeneri@t.mk



Напомена: Водичот во зависност од временските услови или други технички проблеми има право да ја промени или целосно да ја откажи турата.